Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Собранието треба да го ратификува Договорот со ФРОНТЕКС

0
Собранието треба да го ратификува Договорот со ФРОНТЕКС

Првата пленарна седница на Собранието за годинава ќе започне денеска, а една од точките на дневниот ред е Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (Договорот со ФРОНТЕКС). На предложениот дневен ред на оваа 99. седница ставени се 15 точки, главно закони во прво и во второ читање. На вчерашната прва координација со претседателот на Собранието Талат Џафери биле договорени тековните активности на пратениците.

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза - Фронтекс потпишан на македонски јазик

Освен денешната, следна нова пленарна седница е договорена за последната недела од јануари, додека на 26 е планирано да се одржи првата седница за пратеничка прашања. На координативната средба не присуствувале првите луѓе на пратеничките групи од опозицијата, меѓу кои и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Во Собранието вчера се одржаа и седници на две собраниски тела. Седници одржаа Националниот совет за евроинтеграции, на која беа презентирани Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година, а на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност беше разгледана Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *