Радио Слободна Европа отвори канцеларија во Литванија за белоруски и руски вести
Радио Слободна Европа (РСЕ) на 10 јануари отвори своја канцеларија во главниот град на Литванија. Во Вилнус ќе работат новинари протерани од соседна Белорусија, откако режимот на Александар Лукашенко изврши рација и го затвори бирото на РСЕ во Минск во средината на 2021 година, речиси една година по сомнителните претседателски избори за кои опозиција рече дека биле наместени и предизвикаа масовни протести.
Лукашенко тогаш ја прогласи Радио Слободна Европа за „екстремистичка организација“ и го криминализираше работењето за оваа медиумската куќа.
Во канцеларијата во Вилнус ќе се смести и персоналот на „Курент тајм“ (Current Time), медиум за телевизиски вести на руски јазик, управуван од Радио Слободн Европа заедно со Гласот на Америка, за да се спротивстави на „Кремљ и друга државна пропаганда“, соопшти компанијата.
Радио Слободна Европа, која се финансира од американскиот Конгрес ,вели дека отворањето на канцеларија во Вилнус е „последниот чекор во сеопфатната стратегија за да се спротивстави на продорните руски дезинформации и да допре до нова публика со доверливи, независни вести и информации“.
Во изјавата по повод отворањето на канцеларијата во Вилнус од РСЕ истакнаа дека двајца нивни новинари се уште новинари од дека двајца нејзини новинари, Ихар Лосик и Андреј Кузнечик, „остануваат неправедно затворени од режимот на Лукашенко“.
Претседателот на РСЕ, Џејми Флај му се заблагодари на првиот човек на Литванија, Гитанас Науседа и на Владата за „постојаната поддршка на мисијата на Радио Слободна Европа“.