Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

САД и Јапонија постигнаа договор за соработка во областа на одбраната

0
САД и Јапонија постигнаа договор за соработка во областа на одбраната

САД и Јапонија постигнаа договор за одбрана поради зголемената загриженост за Кина и тензиите околу Тајван и Северна Кореја, соопштено е во Вашингтон доцна синоќа. „Се согласуваме дека Кина го претставува најважниот стратешки предизвик за двете земји“, рече шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен по средбата во Вашингтон со неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши и одделната средба на министрите за одбрана на две земји. Блинкен рече дека САД го поздравуваат новиот став на Јапонија во областа на одбраната и додаде дека билатералниот договор за безбедност и одбрана се однесува и на соработката во вселената.

Северна Кореја тестира технологија за производство на поопасни интерконтинентални ракети

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави распоредување на американските сили за брз одговор на јапонскиот остров Окинава до 2025 година за да ја зајакне одбраната на Јапонија, која е загрижена поради зголемените кинески активности во регионот. Овие средби доаѓаат пред средбата меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фуми Кишида, која е најавена за утре.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *