Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

„УСЈЕ“ ги отфрла обвинувањата на Арсовска дека загадува, но признава дека имало отстапување

0
„УСЈЕ“ ги отфрла обвинувањата на Арсовска дека загадува, но признава дека имало отстапување

Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска најави кривична пријава за загадување на воздухот кон „Цементарница УСЈЕ“, оттаму ги отфрлија како неосновани нејзините ставови. Сепак, најавија дека ќе ги имплементираат препораките на Државниот инспекторат за животна средина, од каде објавија за серизно надминување на испуст на азотни оксиди од Котларата за загревање на просториите. За ова, како што појаснија од Инспекторатот, казната изнесува 180.000-200.000 евра.

Од Цементарница велат дека вонредната контрола на 3 и 4 јануари, потврдила дека емисиите од производниот процес во „Цементарница УСЈЕ“ се пониски од дозволените гранични вредности, ама дополнуваат дека поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите употребувале мазут кој им бил дозволен енергенс согласно А-Интегрираната еколошка дозвола.

„При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на Инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас,“ велат од „Цементарницата“.

Во однос на тврдењата на Арсовска, тие посочуваат дека на денешната прес -конференција биле изнесени и податоци за мерења на 26 и 27 декември 2022 година, за кои тврдат дека воопшто не биле направени во кругот на фабриката, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ.

„Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на ПМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Цементарница УСЈЕ“ е дури и помала од други мерни места во градот“, додаваат од „Цементарница УСЈЕ“.

Арсовска, најавувајќи ја кривичната за Цементарницата, изјави дека никој нема да биде толериран, како и дека при мерењата извршени на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честички кои значително придонесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух во цело Скопје.

Скопје во периодот околу Новогодишните и Божиќните празници се соочуваше со високо ниво на аерозагаденост и неколкудневна густа магла, што го врати градот на листата на најазагадени градови во светот, според апликациите кои собираат вакви информации.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *