Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Унгарија ќе ја тужи ЕК поради кратењата во образованието

0
Унгарија ќе ја тужи ЕК поради кратењата во образованието

Унгарската влада ќе покрене правна постапка против Европската комисија (ЕК) доколку не постигне договор за финансирање на универзитетски студиски програми во странство од фондовите на Европската унија (ЕУ), изјави Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Тој на прес-конференција во Будимпешта рече дека неодамнешната одлука на Европската комисија за намалување на финансирањето на програмата за размена на студенти Еразмус на многу унгарски универзитети е „неприфатлива“.

Гуљас додаде дека унгарската влада ќе обезбеди средства за програмата доколку не стигнат средствата од ЕУ, но дека ќе поднесе тужба до Европскиот суд на правдата доколку не се постигне компромис.

Кратењата на финансирањето, кои би влијаеле на унгарските студенти кои студираат во странство преку програмата Еразмус на ЕУ, како и на финансирањето за истражување на повеќето унгарски универзитети, доаѓаат како дел од серијата финансиски казни што Европската Унија и ги наметна на унгарската влада во обид да ја придобие Унгарија да ги усогласи стандардите за владеење на правото и демократијата.

Гуљас инсистираше на тоа дека Унгарија направила се што побарала Европската комисија од неа за да спречи конфликт на интереси во управувањето со високообразовните институции.

Тој додаде дека доколку Европската комисија побара високите унгарски политичари да не смеат да бидат во универзитетските одбори, Владата во Будимпешта е подготвена дополнително да ги измени своите правила.

ЕУ замрзна повеќе од 12 милијарди евра за Унгарија поради загриженост дека премиерот Виктор Орбан ги искористил европските фондови за да ги уништи демократските институции и да ги збогати своите сојузници. Унгарија има рок до март да спроведе повеќе од дваесет реформи со цел да се усогласи со стандардите на ЕУ и да го одмрзне финансирањето.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *