Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Гир: Зависи од државата дали ќе станете ЕУ членка до 2030

0
Гир: Зависи од државата дали ќе станете ЕУ членка до 2030

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир вели дека од Северна Македонија зависи дали ќе стане членка на ЕУ до 2030 година.

„Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси, рече евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година” во организација на Советот на амбасадори.

Евроамбасадорот додава дека за да се постигне оваа цел мора да постои вистинска политичка решеност меѓу сите политички партии и меѓу сите институции вклучително и бизнисот и граѓанското општество.

Во обраќањето тој се осврна и на францускиот предлог и барањето на Бугарија за промена на Уставот.

„Тоа е суверена одлука за оваа држава, меѓутоа јасно е дека со цел да се искористи импулсот во процесот на пристапувањето промените во Уставот мораат да се направат. Ова ќе овозможи процесот да продолжи со отворање на поглавјата. Едноставно не е реалистично да се мисли дека овој чекор може да се избегне и дека процесот на пристапување магично ќе продолжи,“ истакна Гир.

Евроамабасадорот меѓудругото посочи дека се потребни „важни и видливи активности во борбата против корупцијата вклучително преку развивање на судство и обвинителство кое што ќе одговара на целта, јакнење на Собранието и специјализирани независни институции кои што ќе ја негуваат работата на граѓанското општество и можноста граѓаните да ја реализираат работата“.

Одредени случувања од минатата година, според него, укажале дека реформските процеси во некои клучни области се враќаат наназад и дека тие решиле да зборуваат за неуспесите во овие делови.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *