Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Бугарија ја истражува работата на платформата за криптовалути Нексо

0
Бугарија ја истражува работата на платформата за криптовалути Нексо

Бугарските обвинители во четвртокот соопштија дека пребарале петнаесетина локации во главниот град како дел од истрагата за сомнителни измамнички активности извршени од меѓународната платформа за криптовалути Нексо (Nexo).

„Преземавме активни чекори во рамките на истрагите насочени кон неутрализирање на незаконските активности на Нексо“, изјави на прес-конференција портпаролката на обвинителството, Сијка Милева.

Нексо според обвинителството се товари за „организиран криминал, перење пари, даночно затајување, банкарска активност без лиценца и компјутерска измама“.

Лице „официјално назначено за финансирање терористички акти“ било меѓу еден од клиентите на платформата, рече Милева.

Обвинителите соопштија дека 94 милијарди долари поминале низ платформата во изминатите пет години, јавува АФП.

Основана во 2017 година, Нексо од Софија ја водат тројца Бугари, Калин Методиев, Антони Тренчев и Коста Канчев, а платформата функционираше ширум светот.

Овие платформи кои им овозможуваат на корисниците да купуваат и продаваат крипто средства, додека дополнително нудат сложени деривативни продукти, се во срцето на релативно младиот екосистем на криптовалути.

Спектакуларниот банкрот на гигантот Ефтикс (FTX), во ноември 2022 година, и падот на цените на крипто валутите доведоа до зголемени повици за регулирање на овој сектор.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *