Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Шоле во Белград повика на дијалог за француско-германскиот предлог за Косово

0

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград и Приштина треба да се фокусираат на разговорите за француско-германскиот предлог за Косово, како и за брзо формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Ова го соопштија од кабинетот на претседателот на Србија по нивната денешна средба во Белград.

Француско-германскиот, односно планот на Европската унија за подобрување на односите меѓу двете страни и постигнување целосна нормализација, кон крајот на летото беше доставен до властите во Приштина и Белград.

Во текстот на планот, до кој пристап имаше Радио Слободна Европа, се наведува дека партиите се свесни дека неповредливоста на границите, територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се основните услови за мир. Исто така, планот предвидува признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово.

Вучиќ, како што се наведува во соопштението, изразил очекување дека САД „ќе го искористат своето несомнено влијание и ќе ја охрабрат Приштина да ги исполни своите обврски во согласност со прифатените и потпишаните договори, но и да го продолжи дијалогот во духот на чесна и отворена размена на предлози за решавање на конкретни предизвици“.

Отворени граничните премини на северот на Косово

Шоле вчера ја посети и Приштина каде изјави и дека Косово и Србија „итно треба да се вклучат во дијалогот што го води Европската унија, која работи на сеопфатен договор за нормализирање на односите фокусиран на взаемно признавање“.

Неговата посета се случува неколку недели по тензиите на северот на Косово, кои резултираа со барикади од локалните Срби поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ. Во меѓувреме, на Пантиќ му беше одреден домашен притвор, а барикадите беа отстранети.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *