Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Британскиот пратеник за Западен Балкан денеска престојува во Белград

0
Британскиот пратеник за Западен Балкан денеска престојува во Белград

Специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан, Стјуарт Пич денеска е во посета на Белград каде што ќе разговара со највисоките претставници на Србија. Тој одвоено ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Се очекува теми на разговор да бидат состојбите на Западен Балкан, со акцент на процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и билатералната соработка. Пич доаѓа во Белград 12 дена по посетата на Косово, каде што меѓу другото разговараше со премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи за предизвиците на Западен Балкан и влијанието на Русија.

Лајчак и Ескобар неделава во посета на Косово и Србија

Во минатата недела Приштина и Белград ги посети советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шол, придружуван од заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар. Ескобар, на крајот на неделава повторно доаѓа во Приштина и во Белград, но овој пат со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак. Целта на посетата меѓу Лајчак и Ескобар е да се подготви за следната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел, односно средбата Вучиќ и Курти. Се очекува наскоро и специјалните пратеници на францускиот претседател и на германската канцеларка Емануел Бон и Јенс Плетнер да ги посетат Белград и Приштина, но засега не се знае дали ќе дојдат заедно со Лајчак и Ескобар. Бон и Плетнер, советници на Емануел Макрон и Олаф Шолц, во септември 2022 година им го доставија на Вучиќ и Курти таканаречениот француско-германски предлог за нормализација на односите, кој беше усвоен од ЕУ.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *