Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

0
Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија. Предвидено е претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и претседателите на Полска Анджеј Дуда и на Литванија Гитанас Науседа, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија Хозе Мануел Алваерез Буено и лидерка на Демократските сили на Белорусија Светлана Циханускаја, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Лидерите летаат за Давос, нивните приватни авиони влијаат врз климата

Во рамки на форумот во Давос, претседателот Пендаровски ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а ќе има и повеќе билатерални средби со учесници на форумот. Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, а учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество кои ќе дебатираат за состојбата во светот и за приоритетите за годината што претстои.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *