Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Ахмети: ДУИ ќе победи на следните избори

0
Ахмети: ДУИ ќе победи на следните избори

Демократската унија за интеграции ќе победи на следни избори, изјави лидерот на партијата Али Ахмети, кој додаде дека тој има морално и национално право да повика на фронт за забрзување на патот кон ЕУ. „ДУИ без дискутирање е победник на изборите. Се обидоа да ја победат ДУИ, но изгубија. Тогаш, ајде сите да размислиме малку и да ја надминеме гордоста и да видиме како ќе изградиме фронт за да го забрзаме патот кон ЕУ. И ако некој има морално и национално право да ја преземе оваа иницијатива, тоа сум јас, да ги поканам сите, бидејќи ова е најважниот момент да ги унапредиме нашите прашања, но и да ги подобриме нашите стандарди“, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ се плаши да оди сама на избори и дали тој се плаши од поделба на партијата.

Ахмети: не ги обвинив Алфа и Телма, иритиран сум од говорот на омраза против Албанците

ДУИ, без присуство на членовите на раководството на т.н. огнена група во партијата денеска во Скопје ја одбележа 555 – годишнина од смртта на Скендербег, за кого Ахмети кажа дека е стратег и посебна историска личност важна за цела Европа. Во врска со разговорите за влез на Алијансата на Албанците во Владата тој рече: „Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа“. Синоќа во интервју за ТВ 21 претседателот на АА Арбен Таравари изјави дека постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *