Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

ДУИ го славеше Скендербег без „огнените“

0
ДУИ го славеше Скендербег без „огнените“

Демократската унија за интеграција денеска на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, на кој не присуствуваа членови од т.н. огнена група.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби положија цвеќе пред споменикот на Скендербег на истоимениот плоштад.

На новинарско прашање зошто на настанот не присуствуваат членови на партијата како Изет Меџити, кој како тогашен градоначалник на Чаир е најзаслужен за поставување на монументот на Скендербег на плоштадот, лидерот на ДУИ одговори дека на никого не му било забрането да присуствува на настанот.

На настанот не присуствуваше ни актуелниот градоначалник на Чаир Висар Ганиу.

Во врска со тоа дали некој од незадоволните членови на партијата од „огнената група“ ќе биде исклучен од партијата, Ахмети изјави дека досега никој не е исклучен од партијата.

„Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели и соработници. Имаат многу погрешен пристап и анализите што ги прават. ДУИ е една од најдемократските и најотворените партии на овие простори. Ќе работиме уште повеќе за да бидеме што потранспарентни и што поодговорни“, рече Ахмети.

„Огнената група“, во која освен партискиот потпретседател Изет Меџити, се и неколку поранешни и сегашни функционери на партијата, остро го критикуваат вицепремиерот Артан Груби и другите министри од нивната партија. Тие бараат смена на Груби и на други партиски функционери.

Лидерот Али Ахмети стои зад Груби.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *