Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Владата го разреши директорот на Управа за извршување на санкциите

0
Владата го разреши директорот на Управа за извршување на санкциите

Владата на денешната седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово.

Смената на Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции.

„Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата“, рече Ковачевски.

Покрај Спасовски, за бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

Вонредниот инспекциски надзор направен на 13 јануари покажа низа неправилности при спроведувањето на Мемети.

Осуденикот побегна кога бил превезуван со полициско комбе од затворот Идризово кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“ при што го украл пиштолот на еден од полицајците и пукал кон него. Мемети бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за трговија со дрога.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *