Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Средба Турковиќ - Османи: Веруваме во Берлинскиот процес

0
Средба Турковиќ - Османи: Веруваме во Берлинскиот процес

Ние веруваме во Берлинскиот процес, иницијатива која веќе дава резултати. Не гледаме зошто би постоела потреба сето тоа да се удвојува со уште нови иницијативи, оцени денеска во Скопје заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи прашана дали ќе се приклучат кон иницијативата „Отворен Балкан“ во која се со статус на набљудувачи.

Турковиќ истакна дека Босна и Хецеговина многу силно ги поддржува сите иницијативи кои ќе го зајакнат Западен Балкан ако придонесат за забрзување на европските интеграции и да не ги удвојуваат настојувањата кои веќе постојат.

Министерот Османи, прашан во однос на изјавата на Вучиќ дадена на Светскиот економски форум во Давос дека е тоа политички клуб чиј интерес е само личен и испорачува политички барања кои се однесуваат на национален идентитет и територијални барања алудирајќи на Србија и на Северна Македонија, Османи со став дека како еден од бројните меѓународни форуми Давос овозможува  лидерите да разменуваат ставови и очекувања по однос на случувањата во разни региони во светот и генерално може само да помогне со нови идеи и разјаснување на дилеми.

Двајцата министри разговарале за теми поврзани со унапредување на билатералните односи, претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелности од регионот и меѓународните односи.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *