Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Се подготвува нов закон за учебници

0
Се подготвува нов закон за учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов Закон за учебници за основното и средното образование. Целта како што соопштија е подигнување на квалитетот на содржината на учебниците како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование,

„Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена, по што откако ќе биде креирана нацрт верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување“, се вели во соопштението од МОН.

Историски промашувања во учебникот по историја

Како што нагласуваат од МОН, потребата од ново законско решение во државата е очигледна и неопходно е поставување на повеќе повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците.

Кон крајот на минатата година во новиот учебник по историја и општество за петто одделение беа откриени низа грешки и пропусти откако беше доделен на учениците, по што од Здружението на историчари побараа итно да се повлече учебникот.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *