Советникот на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле изјави дека го охрабрува косовскиот премиер Албин Курти да го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија. Во објава на Твитер, тој вели дека разговарал со Курт за ова прашање во вторникот. „Клучна тема беше нашето партнерство и заедничката цел за унапредување на европската и евроатлантската интеграција на Косово“, напиша Шоле, наведувајќи дека со Курти разговарал и за унапредување на дискусиите за Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.
Договорот за создавање на оваа заедница е постигнат уште во 2013 година во рамките на дијалогот за нормализација на односите Косово-Србија, со посредство на ЕУ, но тој никогаш не е спроведен. Властите во Косово велат дека не може да се создаваат моноетнички здруженија, додека оние во Србија инсистираат на формирање на договорената Заедница. Американската амбасада во Приштина за 31 јануари најави дискусија за Заедницата, наведувајќи дека се поканети претставници на граѓанското општество, функционери и други политичари. Од Владата на Косово не одговорија на прашањето на РСЕ дали Курти добил покана за оваа дискусија. Предлогот на ЕУ за нормализација на односите Косово-Србија беше доставен до двете земји на крајот на летото, но неговата содржина не е објавена во јавноста. Врз основа на верзијата до која РСЕ имаше пристап, таа не вклучува меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, туку заложба на двете страни да не се попречуваат една со друга во процесот на интеграција.
Во интервјуто дадено за Радио Слободна Европа во минатата недела, Шоле рече дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „политичка храброст“. Курти деновиве рече дека предлогот е „добра основа за понатамошни разговори“, но не прецизираше повеќе. Во Србија, претседателот Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да работи на планот за нормализација на односите со Косово.
Manor Lords' dev asks players: Should its supply mechanic be changed?
Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)
Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)
You may be kicking yourself for deleting Destiny guns that are all of a sudden viable again, but one of the game's biggest YouTubers has been Marie Kondo-ing his friends' arsenals on camera for years
Минское «Динамо» победило «Днепр» в чемпионате Беларуси
Собянин: В Щербинке будут запущены автобусные маршруты к МЦД и соцобъектам
Вечная любовь Валерия Гаркалина
«Я тебя предупреждал, что если мы будем копаться в тебе, тебе будет неприятно!» Константин Гецати расстроил Павла Волю своим «видением» в новом выпуске «Шоу Воли» на ТНТ