Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Вицепремиерот Маричиќ на средба со еврокомесарот Вархеји

0
Вицепремиерот Маричиќ на средба со еврокомесарот Вархеји

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ кој е во тридневна официјална посета на Брисел, ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман. Вицепремиерот во Брисел го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 „Право за интелектуална сопственост“. Теми на состаноците ќе бидат текот на скрининг процесот, изработката на приоритетниот реформски план и подготовките за спроведување на тековните задачи и обврски, за побрз напредок во процесот на преговори со ЕУ.

Маричиќ вчера се сретна со бугарскиот европратеник Илхан Ќучуќ со кого заеднички констатирале дека е важно да се инвестира во иднина во која двете земји заеднички и искрено ќе отворат нови можности за двата народа. Во фејсбук статусот, Маричиќ наведува дека меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации и дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужно и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *