Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Гир: Неприфатливи се изјавите на Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии

0
Гир: Неприфатливи се изјавите на Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива. Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ. „Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

Вчера македонското Министерството за надворешни работи  ги осуди изјавите на Џамбаски, кој го потсетува македонскиот претседател Стево Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

Изјавите Џамбаски ги даде откако Пендаровски по седницата на Советот за безбедност во претседателската вила Водно во понеделникот, изјави дека структурите во Бугарија кои водат антидржавна кампања против Северна Македонија се поврзани со руската разузнавачка служба и дека ќе побара од Владата да им забрани на неколку бугарски државјани да влезат во земјата поради нивните постапки.

По ова Џамбаски за бугарските медиуми изјави дека претседателот Пендаровски треба да се потсети дека:

„Многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, рече Џамбаски.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *