Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

ЦУК: Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко

0
ЦУК: Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко

Состојбата во Зелениково и во велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информира денеска Центарот за управување со кризи. Од АД ЕСМ вчера соопштија дека е исклучена хидроелектраната „Св. Петка“, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар. „Утрово ЦУК во координативна комуникација ги информираше за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија“, велат од ЦУК. Оттаму информираат дека во општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река.

Стотици луѓе без домови по поплавите во Косово

„Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив е избегнат во Зелениково и во Велешко“, велат од ЦУК, наведувајќи дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *