Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Пендаровски му возврати на Милков: Дајте докази!

0
Пендаровски му возврати на Милков: Дајте докази!

Претседателот Стево Пендаровски одговори на обвинувањата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков. Пендаровски му возврати дека „тој не ја познава историјата, бидејќи дека на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“.

Во интервју за Топ Тема, кое во целост ќе се емитува утре на обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикрива политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски со одговор: Дајте докази!

Милков претходно не сакаше да ги коментира последните изјави на Пендаровски, наведувајќи наместо тоа некои случувања од минатото.

„Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна – спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле масакрирани, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде што стотици Бугари беа интернирани и загинаа по Втората светска војна, само затоа што имаат бугарска самосвест. Тие немаат поим за нивната историја бидејќи сè уште не ги отвориле архивите на тајните служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат“, рече Милков.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се вжештија по претепувањето на Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, кој е и бугарски државјанин. Бугарија вчера објави дека го повлекува својот амбасадор од Скопје и најави нова блокада на македонските евроинтеграции со ЕУ, додека македонските институции разгледуваат дали ќе им забранат влез на некои бугарски државјани што ја навредуваат Македонија.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *