Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Неисправност на автобусот утврди супервештачењето за случајот „Ласкарци“

0
Неисправност на автобусот утврди супервештачењето за случајот „Ласкарци“

Во Кривичниот суд во Скопје на денешното рочиште за супервештачењето за случајот „Ласкарци“ четворица вештаци одговараа на прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски. Прашањата се однесуваа на стручноста и компетентноста на вештаците, дали при вештачењето биле земени предвид претходните вештачења, како и сите претходни искази и докази за да се изврши супервештачењето, како и за исправноста на возилото пред несреќата, техничките прегледи, механичарските зафати, како и белешките во однос на тие поправки и менување на делови.

Судијката Диана Груевска Илиевска го прекина рочиштето, поради како што рече „немање соодветни услови за работа и начин на комуникација кој не е соодветен за во судница“, бидејќи обвинетите со реакции и негодувања реагираа на прашањата на обвинителот.

Вештаците, одговарајќи на прашањата наведоа дека ги имаат посочено недостатоците и неисправноста на автобусот со кој се случи несреќата, како и тоа дека констатирале дека постои недоследност во техничкиот преглед.

Адвокатите на обвинетите реагираа на начинот на кој Јакимовски ги поставува и формулира прашањата, укажувајќи дека станува збор за слични прашања кои доведуваат до ист одговор, а за кои вештаците веќе одговориле дека „не се надлежни и дека за таквите прашања одговор треба да имаат правниците и Судот“. 

Следното рочиште продолжува со прашања на обвинителот за вештаците.

Супервештачењето беше нарачано на 21 декември 2021 година. Судот го испрати предметот до Бирото за супервештачење откако Техничкиот факултет во Битола одби да го изврши вештачењето поради недостиг на стручни лица.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *