Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Вархеји повика на политичко обединување за европските интеграции

0
Вархеји повика на политичко обединување за европските интеграции

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на денешната средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ побарал успешно и брзо спроведување на реформите и притоа порачал дека со политичкото обединување околу евроинтегративниот процес и уставните измени Северна Македонија да ја загарантира европската перспектива, соопшти СЕП.

Вархеји, како што се посочува во соопштението, ја потврдил поддршката која Северна Македонија ја има од европските партнери, а Маричиќ порачал дека тоа треба да ја искористи и да биде мотив подинамично и интензивно земјата да продолжи со процесот на преговори.

На средбата станало збор и за текот на скринингот и подготовките за изработка на важните Патокази, како и за изработката на приоритетниот реформски план.

„Имаме капацитет да го задржиме темпото на скрининг и да го искористиме овој дел од преговорите за да подготвиме темелен реформски план кој за кратко време ќе ги исполни очекувањата и на ЕУ и на македонските граѓани“, рече вицепремиерот Маричиќ.

За односите со Бугарија кои во последно време се нарушени, според соопштението, било констатирано дека разликите мора да се решаваат врз европските вредности, на европски начин, со меѓусебно почитување и во духот на добрососедските односи.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се вжештија по претепувањето на Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, кој е и бугарски државјанин. Бугарија вчера објави дека го повлекува својот амбасадор од Скопје и најави нова блокада на македонските евроинтеграции со ЕУ, додека македонските институции разгледуваат дали ќе им забранат влез на некои бугарски државјани што ја навредуваат Македонија. Македонија за продолжување на преговорите со ЕУ е условена во внесувањето на Бугарите во Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека мора да има политички консензус со кој ќе обезбеди континуитет на процесот на преговори со ЕУ.

„Од клучна важност е да имаме успешни уставни измени и одржување на втората меѓувладина конференција. Оваа година, мора и треба да биде година на обединување околу европската перспектива и каде државата ќе се движи во следните десет години“, истакна Ковачевски од собраниската говорница зборувајќи за текот на скринингот на институциите од страна на Европската комисија.

Според него, текот на скрининг процесот се одбива со предвиденото темпо.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *