Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април испратен до Собранието

0
Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април испратен до Собранието

Адвокатот Јанаки Митровски денеска информираше дека до Собранието е испратен Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април во законодавниот дом.

Со предложениот текст, како што појасни Митровски, се предлага целосна амнестија за лица осудени на затворски казни до 10 години и намалување на половина на казната за лица осудени над десет години.

Адвокатот Митровски во изјавата за МИА посочува дека тој и неговите колеги од понеделник планираат да се сретнат со сите пратенички групи во Собранието и да побараат поддршка за законот.

За настаните на 27 април 2017 година, 16 луѓе се осудени на затворски казни од над десет години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”.

Од шест до шест и пол години казна затвор добија четворица обвинети, поранешни функционери, за организирање на настаните. Осудени за загрозување на уставниот поредок и безбедноста се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Вељаноски доби казна затвор од шест и пол години затвор, Јанакиески и Ристовски добија шест години и три месеци затвор, а Атанасовски е осуден на шест години затвор.

Настаните се случија откако поддржувачите на „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот.

Дванаесет обвинети, меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *