Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Утре ќе се формира тимот на Алијанса за Албанците за влез во Владата

0
Утре ќе се формира тимот на Алијанса за Албанците за влез во Владата

На утрешниот состанокот на Претседателството на Алијанса за Албанците се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата, потврдиле за МИА од партијата.

„Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите“, информираат од Алијансата за Албанците.

Во Владата вчера се одржала средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на Алтернатива, Африм Гаши. Од Алтернатива за МИА изјавиле дека Ковачевски и Ахмети му образложиле на Гаши дека потребата за влез на Алијанса за Албанците во Владата е за пофункционално Собрание. Од партијата додаваат дека не било побарано од Гаши да отстапат конкретно министерство.

„Гаши на средбата ја повторил позицијата дека Алтернатива веќе има договор со СДСМ за Влада и дека очекува тој договор да се исполни. Дека и по една година од договорот се уште не се реализирани ниту сите програмски, ни кадровски решенија кои биле договорени, односно дека 15 кадровски позиции не се исполнети. Гаши прашал зошто сега да склучат нов договор за влез на Алијанса во Владата и кои се гаранциите дека тој ќе се реализира, кога не е исполнет договорот меѓу Гаши и експремиерот Зоран Заев“, велат од Алтернатива.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека поканата за влез во Владата ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени.

Поддршка за проширување на владината коалиција не даваат тројцата пратеници од таканаречената „Огнена група“ од ДУИ, Изет Меџити, Кастриот Реџепи и Мерита Колчи Коџаџику. Инаку, веќе неколку месеци траат најавите за можен влез на Алијанса за Албанците во Владата.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *