Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

УСЈЕ за загадувањето ќе плати казна до 200 илјади евра

0
УСЈЕ за загадувањето ќе плати казна до 200 илјади евра

Цементарница УСЈЕ за загадувањето на амбиенталниот воздух ќе плати казна од 180 илјади до 200 илјади евра. Колкава казна ќе плати ќе се знае на 7 февруари, кога ќе се спроведе спогодување за висината на цената. Освен тоа предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра.

Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас. Од Инспекторатот велат дека во ваквите случаи според закон е предвидена прекршочна пријава, која доколку УСЈЕ не ја испочитува се преминува кон кривична и кон постапка за одземање на дозволата.

Инспектори од Град Скопје и од ДИЖС направија вонредни контроли во УСЈЕ при што утврдиле големо надминување на прагот на ПМ честичките кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух, за што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, поднесе кривична пријава.

Од УСЈЕ за МИА велат дека одговорна компанија веднаш ги имплементирале препораките на ДИЖС.

Скопје со години се соочува со висок праг на загадување на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период од годината.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *