Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Ковачевски: МВР има план за мирно одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

0
Ковачевски: МВР има план за мирно одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Министерството за внатрешни работи има план за обезбедување на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а во однос на тоа кој влегува во државата МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку бугарски државјани се очекува дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев на 4 февруари, Ковачевски рече дека безбедносните служби на двете држави, ги разменуваат сите бројки, односно тоа што можат да го претпостават.

Премиерот повтори дека МВР со одлука на Влада е задолжено да го обезбедува настанот, односно да обезбедат мирно чествување и изрази уверување дека тоа и ќе го сторат. „МВР согласно законот и процедурите ќе постапи во насока на обезбедување мирно одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, рече Ковачевски по обраќањето на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“ во рамките на конференцијата „Година на можности“ што ја организира Владата.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *