Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

0
Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата.

„Во рамки на акцијата „Криминални нишки“, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи.  Поради тоа, под истрага се 37 лица, кои незаконски ги поставиле камерите. Десетици камери се демонтирани и во Корча, Скадар и Поградец. Материјалите се предадени на обвинителствата на правосудните области Корча и Поградец за понатамошни дејствија“, соопшти полицијата.

Акцијата за демонтирање на камери продолжува и во другите области на земјата и ќе бидат демонтирани сите камери поставени вон законските прописи.

Балканска мафија со политичка поддршка

Според Ервин Карамучо, експерт и професор по криминалистика, во земјата има над еден милион такви камери.

„На територијата на земјата има поставени над милион камери, но не само од криминални елементи. Многу сопственици на бизниси и станови изјавија дека ги поставиле камерите за да се заштитат од грабежи“, изјави Карамучо за АБЦ њуз.

Тој додава дека секој граѓанин има право да поставува камери на јавните простори, но според експертот треба да се обрати до сертифицирани фирми и да ги постави согласно прописите.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *