Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 23.01.2023

Српската влада ќе расправа за Косово, ќе присуствува и Вучиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Србија денеска ќе одржи седница на која се очекува да се разговара за прашањето за Косово. На покана на премиерката Ана Брнабиќ, на седницата ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој треба да ја извести владата за преговорите со високата западна делегација. Состанокот со „западната петорка“ (ЕК, САД, Франција, Германија и Италија) Вучиќ го одржа во петокот на кој, како што претходно јавија српските медиуми, се разговарало за таканаречениот француско-германски план за затворање на отворените прашања со Косово. Читать дальше...

Советот за безбедност ќе расправа за безбедносната состојба во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана 18-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. На дневен ред на седницата на Советот за безбедност, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион. Пендаровски: Западен Балкан - „мека точка“ за европска безбедност На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу... Читать дальше...

Почнува второто полугодие за основците и средношколците

SlobodnaEvropa.mk 

Основците и средношколците по продолжениот зимски распуст од денеска се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата и наместо на 18 јануари почнува денеска. Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата. Читать дальше...

Времето денеска: претежно облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Претежно облачно со променлива облачност во источните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 9 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *